Германката Рита Ебел гради рампи од лего коцки, бидејќи со години имала проблем да влезе во продавница или кафуле. 62-годишната Рита е во инвалидска количка откако пред 25 години доживеала сообраќајна несреќа.
„Секој како мене наеднаш може да се најде во ситуација да биде во инвалидска количка. Ова е мој обид да го направам светот послободен од бариери“, рекла Ебел.
Таа ја изградила првата рампа пред една година, а денес вакви рампи можат да се најдат на влезот на десетици локални продавници. Со својот сопруг, Ебел дневно поминува два-три часа во градењето на рампите што ѝ ги нарачуваат и секоја од нив се состои од стотици мали пластични коцки, кои ги зацврстува со лепак.
„Никој не поминува преку лего рампа без да застане и да ја погледне. Има деца кои се обидуваат да ги растурат коцките“, вели таа.
Нејзината идејата почна да се шири и надвор од нејзиниот град Ханау и Германија. Таа веќе испратила инструкции за градење вакви рампи во Австрија и Швајцарија, а интерес има и во Шпанија и во училишта во САД.