Гитара на Боб Дилан продадена 500 илјади евра

Гитара на нобеловецот Боб Дилан е продадена 495.000 долари на аукцијата посветена на иконите на музиката. Аукцијата се одржа минатата сабота во Њујорк. Пред продажбата оваа гитара беше проценета на сума помеѓу 400 и 600 илјади долари.

Гитарата Fender Telecaster од 1965 година ја користеа Боб Дилан, Ерик Клептон и Џорџ Харисон, пренесува аукциската куќа „Џулиен“, која ја организира продажбата.

Помеѓу другите славни гитари продадени во саботата се најдоа и првата електрична гитарaта на Џорџ Харисон, Hofner Club 40, за која купувачот даде 430.000 долари, и гитарата Fender Telecaster, која беше специјално изработена за Елвис Присли во 1968 година. Таа е продадена за цена од 115.200 долари.

Scroll to Top