Гитарата на Курт Кобејн се продаде за рекордни 6 милиони долари

Гитарата на која Курт Кобејн свиреше на легендарниот акустичен концерт на „Нирвана“ во Њујорк се продаде за рекордни 6 милиони долари. Концертот од серијата „Ем-Ти-Ви анплагд“ се одржа во ноември 1993 година, само пет месеци пред Кобејн да изврши самоубиство.

Гитарата „мартин Д-18Е“ од 1959 година беше меѓу највредните експонати што беа понудени на аукцијата во Беверли Хилс. Организаторите се надеваа дека таа ќе достигне цена од 1 милион долари.

„Горди сме што можеме да ја понудиме оваа историска гитара на Курт Кобејн од неговиот митски настап со ‘Нирвана‘ на ‘Ем-Ти-Ви анплагд‘. Како дел од една од најнезаборавните свирки во историјата, оваа гитара има важно место во историјата на рокенролот“, изјави Дарен Џулиен, претседателот на аукциската куќа „Џулиен“.

Гитарата се продаде заедно со оригиналниот куфер.

Гитарата на Курт Кобејн ќе се продава за милион долари

Scroll to Top