Глупава кучко, инцидент на летот за Скопје заради сендвич со салама

Патник во авион кој во неделата летал од Лондон за  Скопје ја нарекол стујардесата глупава кучка затоа што помислил дека му дала сендвич со свинска шунка. Ова го објави лондонскиот весник „Мирор“ , а кавгата за сендвичот била во авион на „Визер“ во кој кабинскиот екипаж е од Македонија. Патникот направи сцена откако почнал да јаде од сендвичот и мислел дека тој е со свинска шунка. На амбалажата пишувало дека лебот е со мисиркина шунка, но тој на стујардесата ѝ рекол дека лажат, и дека шунката е свинска.

На видеото , снимано од другите патници, се гледа како стујардесата на патникот му објаснува дека шунката е мисиркина и дека во сендвичот нема свинско месо.

„Јас работам во ресторани, знам што е свинска шунка. Ова има вкус на свинско, не на мисиркино. Треба да им кажете да луѓето дека служите сендвичи со свинско месо. Јас сум муслиман“, ѝ вели патникот на стујардесата.

И покрај обидите таа да му објасни дека не е во право и му нуди да му ги врати парите, патникот вели „Ти си глупава кучка, Е**на ку**о“.

Потоа и останатите членови на екипажот се обидуваат да му објаснат на патникот дека шунката е од мисирка , но и дека сендвичите не се правени во Македонија туку во Унгарија, каде што е седиштето на компанијата. Тој и понатаму не ги прифаќа нивните објаснувања велејќи ѝ на стујардесата дека не е љубезна. На видеото се слуша дека стјуардесата со колегата стјуард се договараат на македонски јазик како да му објаснат на патникот дека шунката е од мисирка. На крај, стујардесата му ги врати парите за сендвичот на патникот.

Scroll to Top