Гнаси, р’мбајте таму и никад да не се вратите-директорот на Зоолошка лут на дијаспората

Директорот на Зоолошката граидна во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, упати низа навреди на сметка на македонската дијаспора, поради слабиот одзив за време на гласањето на Евровизија, за претставничката на Македонија, Тамара Тодевска.

По освоеното осмо место на Тамара, Галетановски им порача на сите иселеници никогаш повеќе да не се вратат назад во земјата.

„Што да очекуваш од луѓе што продале сè и избегале од родната земја? Каква срамота. ФИРОМ им сметало. Не гласале за Тамара затоа што им сметало Северна Македонија. Треба да им се одземат и пасоши и право на глас. Гнаси. Р’мбајте под туѓо сонце и плукајте по сè што вреди. Никогаш да не се вратите“, напиша Галетановски на „Фејсбук“.

Scroll to Top