Го преживеа 11 септември, ама не и короната: почина човекот од култната слика во Њујорк

Човекот кој се најде на култната фотографија од 11 септември 2001 година, на која луѓето бегаат по терористичкиот напад и рушењето на кулите близначки во Њујорк, почина од коронавирус, соопшти неговото семејство.

„Пред 19 години Стивен Купер ги испорачуваше весниците во долниот дел на Менхетн кога се појави полициаец и им рече да бегааат“, изјави за Си-ен-ен неговата девојка Џенет Решиз.

Купер е на фотографијата лево, со очила и црна маица, а на фотографијата се гледаат уште неколку луѓе кои бегаат пред облакот од дим и прашина по падот на кулите.

„Не знаеше дека бил фотографиран додека не поминаа две недели. Читаше весник и се виде на сликата“, вели Џенет, која со Купер поминала 33 години.

Автор на фотографијата е поранешната репортерка на агенцијата АП, Сузан Планкет, која рекла дека била во контакт со дел од луѓето од фотографијата, но Купер никогаш не го запознала.

„Купер беше многу горд на сликата, која ја чуваше во својот паричник и ја покажуваше на сите што ги познаваше“, открила Џенет.

 

Scroll to Top