(ВИДЕО) Го силувал школското другарче на 7 години

Исповед на мајка на осумгодишно дете ја потресе јавноста во Британија, откако таа открила дека нејзиниот син е силуван и тоа од страна на школски другар.

Како што открила Сара при гостувањето на Би Би Си кај Викторија Дербшир, нејзиниот син бил повикан од другар од училиште да дојде кај него дома и да си играат со Лего коцки. Како што рече, по влегувањето во детската соба, тој ја ставил столицата на кваката и му рекол на нејзиниот син да се соблече и да му ги покаже генталиите. После тоа, тој го силувал детето и му рекол да не кажува никому, зошто би му бил многу лут ако го направи тоа.

Меѓутоа, силувачот нема да биде законски санкциониран порад неговите години (8).

Зборувајќи за овој инцидент, како и за бранот сексуално врсничко насилство кое е во пораст, таа изјави дека последиците кои ги има нејзиниот син се големи.

-Тој повеќе не е исто дете, редовно има проблеми со расположението. Постојано плаче и плаче. Повикавме полиција во училиште кога дознавме. Од полиција ни рекоа дека малку може да се направи со оглед на тоа колку години има напаѓачот. Знаете, прилично е страшно да се прифати фактот дека се случило нешто одвратно, а да нема никакви последици за виновникот. Тоа е тотално погрешно, изјавила таа.

Scroll to Top