Гол маж вози мотор, а зад него седи девојка

Бизарна оптичка илузија која се појави на „Редит“ ги збуни корисниците на социјалните мрежи.

На фотографијата изгледа како моторот да го вози гол маж, додека девојката седи зад него. Но, не е сè како што на прв поглед изгледа, пренесува „Дејли мејл“.

Ако се погледне подобро може да се види дека на моторот има уште еден пар нозе. Некои помислија дека меѓу мажот и жената се наоѓа кукла, додека други истакнаа дека на фотографијата се гледаат тројца луѓе. Но, вистинската приказна е сосема поинаква.

Моторот го вози маж без маица, кој носи само фармерки, додека девојката зад него носи шорц.

Многумина ги помешаа нејзините голи нозе и неговото торзо, па помислија дека гол човек го вози моторот.

И покрај едноставното објаснување, многумина признаваат дека фотографијата ги збунила.

Над илјада луѓе признале дека фотографијата ги измамила и биле вчудовидени кога дознале за што всушност станува збор.

Scroll to Top