Кога чешкиот фотограф Давид Тенсински го посетил украинскиот град Киев од локалното население слушал необични приказни за една млада девојка која последните 9 години секое утро се капела во реката Дњепар. Чехот не верувал на тоа што го кажуваат локалните жители, бидејќи температурата во Киев тие денови била -5 степени целзиусови, но тие го уверувале дека тоа не е важно и го убедиле рано наутро да отиде на реката со фотоапарат.
Тенсински од љубопитност ги послушал жителите и рано изутрина ја видел Ина Владимирскаја која заедно со својот сопруг трчала по снегот. Потоа се соблекла гола и скокнала во реката, иако тој момент температурата била -9 степени.
„Тоа го правам секој ден во последните девет години, без разлика на температурата. Зошто? Бидејќи е здраво и на овој начин ќе го задржувам младоликиот изглед. Знаете колку години имам?“, го прашала Ина.
Ина, има 32 години и без разлика на тоа што коментаторите тврдат дека таа навистина изгледа како 32-годишна жена, а не помладо, овој утрински ритуал вели дека нема намера да го менува.
„Ладната вода е одлична за крвотокот. Чувствувате како крвта ви се движи низ органите, ја активира циркулацијата што е добро за намалување на маснотиите и подобрувањето на мускулните масти. Иста е работата и кај животните! Погледнете ги моржовите. Изгледаат секогаш исто, бидејќи долго време поминуваат во вода. Скокнувам внатре, излегувам надвор и гола трчам до автомобилот“, му раскажала Ина.