„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ е најдобар европски филм според арапските критичари

42 филмски критичари од 13 арапски земји го избраа македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ за најдобар европски филм, соопшти Агенцијата за филм. Оваа награда се доделува по иницијатива на Арапскиот филмски центар и програмата Европска филмска промоција (EFP), каде Агенцијата за филм на Република Северна Македонија е членка од 2009 година.

За оваа награда беа пријавени 24 филмови од цела Европа. Фестивалот има за цел да ја промовира европската кинематографија во арапскиот свет и да го насочи интересот на дистрибутерите кон квалитетни европски филмови. Наградата ја прими Лабина Митевска, продуцентка на филмот, која има и една од главните улоги. Режисер на филмот е Теона Стругар Митевска.

 

Scroll to Top