„Господ постои, името ѝ е Петрунија” освои три награди на три фестивали

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар-Митевска изминатиот викенд доби уште три престижни награди на три различни фестивали.

На штотуку завршениот фестивал All About Freedom Festival ја доби главната награда за најдобар филм. Фестивалот се одржа во Гданск, Полска.

На Филмскиот фестивал во Тузла, Босна и Херцеговина, „Господ постои, иметоѝи’ е Петрунија” ја освои главната награда „Златната вила“ за најдобар филм.

Третата награда филмот ја освои на Македонски филмски фестивал во Торонто, каде Зорица Нушева ја освои наградата за најдобра женска улога.

Досега „Петрунија“ е прикажан на скоро седумдесет фестивали ширум светот. Филмот наскоро ќе гостува и на фестивали во Турција, Австралија, Холандија, Кина и Грција. Досега има освоено 25 награди.

Scroll to Top