Говорот на телото открива дали партнерот ве лаже

Говорот на телото не издава – открива кога сме среќни, горди, заљубени, но постојат и знаци кои прилично доверливо ни укажуваат на тоа дека некој ни „сервира“ невистина.

Знаците дека некој не е лажен не се секогаш лесни за дешифрирање. Дури и кога инстинктот ни говори дека „наседнуваме“ на лага, од разни причини одлучуваме да ѝ веруваме на саката личност. Сепак, постојат мали сигнали за узбуна кои би било пожелно да научиме да ги препознаеме, доколку сакаме да се заштитиме себеси од неискрени луѓе.

Докторката Лилијен Глас, експерт за говорот на телото истакнала дека кога се обидуваме да откриеме дали некој не лаже, прво мораме да простудираме како таа личност се однесува „нормално“. Кога ќе го откриеме тоа, тогаш можеме да бараме „отстапки“ во однесувањето.

Имајте на ум дека сите овие знаци може да се знаци на нечесност – но не и дефинитивен доказ.

1. Брзо менување на положбата на главата

Кога некому ќе му поставите директно прашање и ако приметите дека нагло ја померил главата, многу е можно одговорот кој ви го дал да не е вистинит. Значи, доколку нагло ја зафрли главата наназад или ја спуштил брадата или пак ја искривил главата на страна во оној момент кога се очекува да одговори на даденото прашање, постојат големи шанси да ве лаже.

2. Промени во ритамот на дишење

Кога некој ве лаже, многу е можно да почне тешко да дише. Кога дишењето ќе се промени, почнуваат да се „шират“ рамената, а гласот станува сè потивок. Суштината се наоѓа во тоа што личноста која лаже останува без здив затоа што се менува отчукувањето на срцето и се забрзува протокот на крв. Телото доживува промени кога сме нервозни, односно кога лажеме и се чувствуваме напнато.

3. Поглед подигнат спрема горе и налево

Звучи необично, но пред да смислиме некоја лага која ќе ја пласираме, мозокот не тера да го подигнеме погледот, односно да се насочиме кон нагоре и налево. Кога лажеме се активира делот од мозокот кој е задолжен за имагинација, а природна реакција е да го подигнеме погледот како скришно (без надворешни дистракции) да нурнеме во сопствениот свет на фантазија.

4. Покривање на чувствителните делови на телото

Тоа може да опфаќа подрачја како што се грлото, градите, главата или стомакот. Кога лажеме, инстиктивно сакаме да ги заштитиме своите слаби точки, па така ги покриваме деловите од телото кои мислиме дека ни се чувствителни.

5. Допирање или покривање на усните

Доколку нема хронични проблеми со земањето здив, еден од посигурните сигнали дека некој ве лаже е доколку ги допира или покрива усните. Кога се чувствуваат дека се напикани во ќош и мораат да посегнат по лагите, луѓето сакаат да ја сопрат оваа непријатност, што инстиктивно го прават така што ги прикриваат усните. Кога ќе ги допрат, потсвеста сака да ги прекине или барем да им смета при изговарањето на лаги.

Scroll to Top