Град во Америка исплива по долга суша откако дури 60 години беше под вода. Станува збор за градот Рокпорт во сојузната држава Јута, основан во 1860 година. Градот бил напуштен во 1957 година кога властите одлучиле оваа територија да ја претворат во вештачко езеро.
На оваа територија живееле околу 200 луѓе чии домови биле намерно поплавени за да се создаде нова водена површина. Сега, 64 години подоцна, поради екстремната суша, подрачјето на градот повторно се подигна на површината. Девон Деви со дрон направи фотографии од остатокот на Рокпорт, па од нив може да се видат стари патишта и делови од куќи.
Rockport Reservoir is so low right now that many of the foundations of the old town are now visible. The town was flooded back in the 1950s to create the reservoir. pic.twitter.com/9QhuEoCAFl
— Devon Dewey (@DevonDewey) September 16, 2021