Доделување на најголемите музички награди во Америка, Греми, е одложено за март и ќе се пренесува онлајн, наместо наградите да се доделат во живо, објавија организаторите. Музичките награди кои вообичаено се одржуваат на 31 јануари, ќе се доделат на 14 март, поради зголемениот број на новозаболени и починати од корона во Лос Анџелес и околината.
„Влошената состојба со ковид-19 во Лос Анџелес и пренатрупувањето на болниците со пациенти, како и новите насоки од властите и консултациите со здравствени експерти нѐ донесоа до оваа одлука. Иако планиравме наградите да се доделуваат во живо, шоуто ќе се одржи онлајн“, изјавија организаторите.
Лос Анџелес е најтешко погодената област во САД од почетокот на епидемијата со 818.000 заразени и над 10.700 починати од ковид-19.