„Харвард“ е со буџет поголем од 100 држави, но сè повеќе губи на популарност

Најпрестижната универзитетска институција „Харвард“ поседува неверојатно богатство пренесува аналитичкиот портал „Стакер“, но и покрај тоа тој губи од својата популарност. Прочуениот американски Универзитет е побогат од 109 земји,, пренесува „Стакер“ и не е единствениот Универзитет во САД со повеќе пари од повеќето држави.

„Американскиот систем на државни школи е во големи проблеми. Сепак, најпрестижниот Универзитет нема никакви пробеми. Универзитетските донации најмногу доаѓаат од фондови од богати луѓе, кои се ослободени од даноци. Повеќето приватни институции се сметаат за непрофитни организации, па парите кои ги инвестираат, не се подложни на оданочување. Многумина тоа го користат за типични работи, како што се финансиска помош, подобрување на храната во мензите, привлекување студенти и слично“, наведува „Стакер“.

Како што се објаснува во текстот на порталот, повеќето од тие Универзитети добиваат по 500.000 долари од студент. Покрај „Харвард“, најбогати на оваа листа се и Универзитетот во Тексас, „Јејл“, „Стенфорд“ и „Принстон“.

Како што пренесува „Раша Тудеј“, овие престижни Униерзитети не им даваат на своите дипломци само диплома. Тие им обезбедуваат влез во ексклузивни кругови на највлијателните луѓе во САД. Но и покрај тоа, „Харвард“ во последните неколку години, паднал на шестото место на листата на најдобри Универзитети во светот.

 

Scroll to Top