Холанѓани нагрнаа по марихуана, се затвараат кофи-шопови до април

И Холандија денеска ги затвори сите училишта во земјата поради ширењето на коронавирусот, но новите рестриктивни мерки на владата ќе го погодат и она по што земјата е најпозната, продавниците за марихуана.

Непосредно пред нивното затворање, пред таканаречените кофи-шопови се направија долги редици додека луѓето во последен момент сакаа да се обезбедат со доволно количество марихуана.

Министерот за здравство Бруно Бруинс изјави дека рестораните, кафулињата, секс клубовите и продавниците за марихуана ќе бидат затворени во наредните три недели.

Според последните информации, во Холандија има 1.135 заразени и 20 починати од КОВИД-19.

Scroll to Top