Холи има нозе од 125 сантиметри

Холи има нозе долги 125 сантиметри и се наоѓа на листата на жени со најдолги нозе на светот.

„Во основно школо ме малтретираа. Бев повисока од сите останати, и на сите им бев предмет на потсмев. Во второ одделение бев повисока и од својата учителка“, рекла Холи.

Кога пораснала, Холи решила висината да ја искористи како предност.

Се преселила во Њујорк и станала модел. Вели дека сега не може да се одбрани од мажите што постојано флертуваат со неа, а тие што некогаш ѝ се смееле, сега сакаат да се дружат со неа.

Scroll to Top