Хонгконг втора година по ред е прогласен за најскап град во светот

Хонгконг е најскапиот град во светот, оценила фирмата за консалтинг за човечки ресурси Mercer. Од таму ги советуваат сите кои сакаат да заштедат пари, кога патуваат во странство, да размислат двапати пред да се одлучат да го посетат кинескиот град.

На ова место, за разлика од било каде во светот, најскапо ќе поминете ако седнете да јадете во ресторан или да се возите во такси. Од Mercer велат дека преку низа фактори дошле до заклучок дека Хонгконг е најскапото место. Тука ги вклучиле трошоците за сместување, превозот, храната, облеката, робата за домаќинство и забава.

Сето тоа го прави кинескиот град најскап во целиот свет. Овој азиски град веќе втора годин по ред се наоѓа на листата за најскапо место. Од топ 10 најскапи градови, дури седум се наоѓаат во Азија. На второто место се најде Токио, а веднаш зад него е Сингапур. Единствените градови кои не се од Азија, а се наоѓаат во првата десетка се Цирих, Ашабат и Њујорк.

 

Scroll to Top