Хорор во зоолошка, лавица го уби чуварот што ја хранеше, па побегна со партнерот

Лавица убила чувар додека ја хранел во зоолошка градина во Иран, а потоа побегнала со својот машки партнер, објавија тамошните медиуми. 

Чуварот (40) ставал месо низ отворот за храна, но два лава успеале да го отворат кафезот.

Полицијата и чуварите го фатиле парот неколку часа подоцна во зоолошката градина во централниот град Арак, на околу 200 километри југозападно од главниот град Техеран. Властите го истражуваат случајот.

Ваквите инциденти се ретки во Иран и често се припишуваат на лошите безбедносни мерки.

Scroll to Top