ОВЕН
Секс со овен, само доколку сакате жежок секс после жестоки кавги. Бикот ќе ви носи појадок во кревет, со ракот можете да одите на романтични прошетки, додека вагата ќе ја сакате до крајот на животот.
БИК
Ракот сака да се мази, Девицата ви е здодевна, додека скорпијата е само за една ноќ. Со бикот ќе ви биде генијално, по цел ден и ноќ во кревет.
БЛИЗНАЦИ
Со стрелецот сте совршен пар, само доколку не би постоела водолијата која потполно ќе ви го заврти умот. Со овен можете да имате огнени страсти, ама, за жал, кратки.
Рак
Лавот експресно ќе ја подигне вашата самодоверба, а потоа ќе предизвика вистинска бура од чувства. Со скорпија можете да имате жешка афера, како и некоја забранета авантура, додека јарецот е оној вистинскиот за вас.
ЛАВ
Иако сакате оган и страст, сепак овенот за вас е преексплозивен. Со лавот ќе бидете вистинско дуо за игри без граници, додека девицата иако ве привлекува, таа истовремено и ве нервира, а со водолијата ќе морате да се соочите.
ДЕВИЦА
Овенот е само за една ноќ. Со близнаци ќе имате најдобар секс во животот, рибите се симпатични, но некомпетентни. Единствен кој навечер ќе ве одведе на опера, а наутро до оргазам е водолијата.
ВАГА
Со лавот можете да бидете среќни само ако тој заборави на своите мачо манири и го намали апетитот. Скорпијата има премногу желби за ваш вкус, бикот е супер другар, ама ништо од пеперутките во стомакот. Но, затоа водолијата е вистинскиот избор.
СКОРПИЈА
Бикот е фасцинантен, меѓутоа неговата опсесија и страст можат да бидат опасни. Ракот е неодолив, но од него, може да се разболите. Овенот е одличен, ама неверодостоен, додека лавот е на ваше ниво.
СТРЕЛЕЦ
Сексот со Скорпија е идеален за подигнување на егото, додека Рибите ќе ве гушат со својата сентименталност. Со Стрелец ќе бидете најгламурозен пар во градот, но сепак Вагата ви е судена.
ЈАРЕЦ
Овенот ви е драг и ви дава слобода, но со бикот сте на седмо небо. Стрелецот ќе ви раскажува бајки кои тешко дека ќе ги реализира, додека рибите ви се откритие на годината, заиграни и возбудливи како вас.
ВОДОЛИЈА
Со близнаците можете да експериментирате во кревет колку што сакате. Ракот знае да ве утеши, ама нема да знае да ве сака. Лавот избегнувајте го колку што можете, додека со друга водолија можете да бидете на седмо небо.
РИБИ
Лавот ве гледа како секси божица/бог, додека со скорпијата снимате трилери. Со стрелец можете да го освоите светот, само не заборавајте дека треба и да дишете. А, во јарецот можете да откриете и пријател и љубовник.