Хороскоп за 10 декември: Раковите се повлекуваат во себе, Јарците се успешни на работа

ОВЕН

Вредни сте и посветени на работата, но сѐ уште не доаѓате до конкретен резултат и награда. Бидете трпеливи, бидејќи напредувањето набргу ќе дојде. Време е да престанете да трчате за личност која очигледно не ви го дава вниманието кое што го очекувате. Пречувствителни сте.

БИК

Песимистички сте настроени кон моменталната ситуација на работа. Ви се чини дека некоја битка е однапред изгубена. Сепак, направете план! Околу себе сте ставиле ѕид, а другите не ви приоѓаат бидејќи тоа изгледа како невозможна мисија. Потребно е да бидете поопуштени. Здравјето е сѐ подобро.

БЛИЗНАЦИ

Поволен ден за образование и учење. Напредувате низ стекнување на нови знаења. Чувствувате енергија, чувствувате дека можете сѐ да совладате. Ве очекува расплет на настаните откако ќе му кажете на партнерот искрено што чувствувате. Пренагласена нервоза и проблеми поради стрес.

РАК

Можни се потешкотии во претпоставените. Сепак, не треба да се откажувате од своите цели. Но, бидете внимателни во изнесувањето на истите. Не сте подготвени за отворен флерт. Се повлековте во себе и не е лесно да се допре до вас во ваква состојба. Проблеми со зглобовите на нозете.

ЛАВ

Се наоѓате во неизвесна финансиска ситуација. Тоа ви носи голема нервоза. Не сакате ситуации кога не знаете на што сте! Размислете малку за својата тактика кога е љубовта во прашање, не е баш најдобра. Лоша концентрација и променливо расположение.

ДЕВИЦА

Не можете многу да постигнете без детално планирање и труд. Неопходно е да вложите максимум. Резултатите ќе бидат видливи. Правите нови планови со партнерот кој слепо ве слуша. Вашата доминација е очигледна, но не претерувајте. Без поголеми здравствени проблеми.

ВАГА

Можно е некој да ја злоупотребува вашата добрина. Важно е да научите навреме да повлечете граница. Мислите дека веќе премногу дозволивте. Константно ви се додворува една личност. Не сакате да имате нешто со неа, но никако да ја откачите. Избегнувајте алкохол.

ШКОРПИЈА

Ако сакате да ја подобрите заработката, неопходно е да заземете друг став кон работата. Направете план на работа, со мали дозволени отстапки. Се чини како да ви е љубовниот живот на последно место. Добро размислете за сѐ. Проблеми со уринарниот тракт.

СТРЕЛЕЦ

Засега е потребно да се помирите со недоразбирањата на работното место, подоцна ќе биде многу подобар период за промени. Не го форсирајте партнерот на било што. Дајте му доволно време да донесе сам некои одлуки. Можен е пад на имунитет.

ЈАРЕЦ

Вие сте добар организатор и денес тие ваши способности ќе излезат на виделина. Лесно заведувате ред и дисциплина. Моментално ви делува невозможно да остварите стабилна врска. Сепак, има време за пресврти. Осетлив предел во градниот кош. Не се напрегајте, мирувајте.

ВОДОЛИЈА

Доаѓате до помала парична добивка, но имате и одредени трошоци. Внимателно трошете ги парите! Нема некои конкретни случувања и тоа ве загрижува. Долго време сте сами и тоа не ви одговара. Можна е мигрена. Ве мачи несоница подолг период, преморени сте.

РИБИ

Работите повеќе отколку што морате, повлечете рачна кочница за да не се одрази преморот врз вашето здравје. Премногу се давате, а не сте задоволни од резултатот. Можеби игнорирате некои забелешки од страна на партнерот, што дополнително ве нервира. Постои инат од двете страни. Респираторни инфекции.

Scroll to Top