Овен
Го очекува сосема просечен работен, па со малку побавно темпо ќе ги заврши сите работни обврски. Просечен е и кога станува збор за љубовните случувања, што не значи дека треба да биде пасивен. Можни се стомачни тегоби.
Бик
Го очекува многу добар работен ден, па ќе има можност на професионален и одговорен начин да ги заврши започнатите обврски. Можна е и нова деловна понуда од некој со кој претходно соработувал. Не е поволен ден за отворање некои теми од минатото. Треба да се обиде евентуалните несогласувања со драгата личност да ги реши со компромис. Здравјето е одлично.
Близнаци
Зголемен обем на работни задачи ги очекува оваа среда. Да се потрудат да не се оптоваруваат премногу и да започнат со реализација на приоритетите. Поради големите работни обврски, но и поради својата блага немотивираност, случувањата на љубовно поле денес ќе бидат во втор план. Респираторни тегоби.
Пред него е многу добар почеток, без многу форсирање и со одлично темпо ги завршува сите обврски навреме. Убав ден може да очекува и на љубовно поле, каде што ќе доживее барем едно пријатно изненадување. Да се чува од настинки.
Лав
Има многу обврски, но ги извршува со забавена динамика. Да се потруди да избегне недоразбирања со личности кои имаат авторитет врз него. Многу поволен ден на љубовно поле, доколку сте одлучат да остварат некои љубовни замисли. Здравјето е одлично.
Девица
Има многу работа, посебно поврзана со сферата на комуникација и организација. Да се позанимава со сопствените приоритети и реално да ја согледа актуелната љубовна ситуација, каде што е извесно дека е треба да направи почетни чекори кон подобрување на односот. Здравјето е во ред.
Вага
Фокусот би требало да ѝ биде на завршување на заостанатите обврски кои се дел од нејзиниот работен план, за да избегне потенцијални компликации. Поволни се аспектите да успее да оствари барем една љубовна замисла, на обострано задоволство. Здравјето е многу добро.
Скорпија
Ќе има многу ангажмани во текот на денешниот ден. Нема причини за загриженост и преголемо брзање и затоа не треба да дозволи другите да ѝ вршат притисок. Доколку е задоволна со актуелната љубовна ситуација нема причини за грижи, но доколку сака нешто да промени, треба да ја послуша својата интуиција. Здравјето е сосема солидно.
Стрелец
Иако е соочен со голем број обврски, не треба да се обидува да заврши сѐ на сите страни, туку своите зацртани обврски да ги распредели на етапи. Ова е одличен ден искрено и со целосно внимание да ѝ се посвети на саканата личност. Болки во грлото.
Јарец
Сѐ оди како што треба, само треба добро да се организира и да не се оптоварува со нереални деловни цели. Без значајни пресврти на љубовно поле во однос на вчерашниот ден. Сѐ би требало да функционира во најдобар ред. Да посвети доволно време на одмор.
Водолија
Иако ја очекуваат обврски на сите страни, нема причина за нервоза, само треба биде трпелива и малку подобро организирана. Да се обиде се да избегне ситни расправии и недоразбирања, не вреди да троши енергија на работите кои во суштина не се толку важни. Осцилации на крвниот притисок.
Риби
Потенцијалните несогласувања со деловните соработници во сегментот на организација и реализација на професионалните обврски ќе бараат од нив пофлексибилен пристап без нервози. Не е лош ден за нови познанства, па би било убаво да се потрудат малку повеќе бидејќи не знаат на какво изненадување може да наидат. Слаба циркулација.