Овен
Немојте да дозволите шармот на некоја личност од спротивниот пол да ви го занесе умот пред да го запознаете нејзиниот карактер. Размислете добро какво однесување би ви одговарало на вам и вашата личност.
Бик
Во последниот период, љубовниот живот не ви оди од рака. Но, немојте да очајувате, најдоброто тукушто следува. Случувањата на работното место малку ќе ве загрижуваат, но вие сепак посветете се на обврските кои ви се зададени вам.
Близнаци
Убавите случувања од претстојниот период нема да можат да ви излезат од глава. Но и покрај тоа не заборавајте на обврските. Изработете сѐ што ви простанало, па дури потоа можете да се рекалсирате и да ги правите работите кои ви причинуваат задоволство.
Рак
Денешниот ден нека ви биде исполнет со радост и смеа. Доколку вие бидете расположени, ќе влијаете многу позитивно на вашата околина и на луѓето кои немале досега изградено мислење за вас.
Лав
Доколку денот ви биде исполнет со обврски, вечерта дозволете си кратка релаксација и на вашето тело и на вашиот ум. Наспијте се, потребен ви е сон. Здравјето е во ред, но добро би ви било да одите не рутински преглед кај лекар.
Девица
Не оставајте вашите обврски да ги завршува некој друг. Сите должности кои ви се зададени вам, потребно е да ги завршите сами. За да се чувствувате поубаво во вашето тело, пешачете или почнете со некои спортски активности.
Вага
На вашите финансиски проблеми, конечно ќе им дојде крајот. Ќе можете да си го дозволите она парче облека кое одамна ви се допаѓа. Ноќта искористете ја за кратка прошетка со пријателите или со партнерот.
Шкорпија
Доволно беше флертување, време е да делувате. Доколку сметате дека личноста од спротивниот пол доволно ви одговара, преземете мерки со кои ќе покажете дека ви значи и направете го првиот чекор.
Стрелец
Утрото ќе ви започне со добра вест. Таа вест ќе ве држи цел ден во живот. Убавите моменти споделете ги и со вашите блиски. Вечерта дозволете си да присуствувате на некоја забава и да си поминете убаво. Заслуживте.
Јарец
Денот ќе ви започне монотоно исто како и претходните. Но, затоа, во вечерните часови, вашите пријатели ќе ве изведат на некоја забава кајшто има можност да запознаете некоја личност од спротивниот пол којашто нема да може да ви излезе од мислите.
Водолија
Некој од вашите пријатели не ви мисли добро. Затоа, внимавајте на кого му се доверувате, бидејќи вашите тани можат лесно да бидат откриени. Внимавајте на вашата исхрана и одвојте дел од денот за вежбање и обликување на вашето тело.
Риби
После напорниот работен ден, излезете со вашите пријатели и опуштете се. Тоа ќе влијае позитивно на вашето расположение. Можна е средба со некој пријател од минатото кој ќе ви разбуди убави спомени од детството.