Хороскоп за 18 декември: Многу пари за рибите и љубов за бикот

By

ОВЕН

На работа сте прилично оптмистички настроени кога е во прашање соработката со луѓе од странство. Проблем е што другата страна не е претерано заинтересирана за заеднички проект. Не сте многу фокусирани на љубовта и партнерот го занемарувате. Проблеми со здравјето. Внимавајте на вашите дишни органи кои се чувствителни.

БИК

Ситуацијата на работа е стабилна. Имате сериозен и рационален став кон обврските.Во љубовта задоволни сте од тоа како врската се развива. Не сте свесни дека сте ја идеализирале саканата личност. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

БЛИЗНАЦИ

На работа вашиот претпоставен е презадоволен од вашата работа. Ви дава нови обврски со кои ќе се зголеми вашата одговорност. На љубовен план, односот со партнерот е идеален. Важно ви е што имате разбирање еден кон друг. Со здравјет сè е во ред, но потребен ви е одмор.

РАК

На работа, комуникацијата е вашето главно оружје. Сугестивни сте, самоуверени и делувате оптимистички и лесно ги убедувате соработниците во своите идеи. На љубовен план, поради работните обврски, го занемарувате партнерот. Внимавајте на здравјето и коските.

ЛАВ

Денес е одличен ден за работа. Меѓу преговарачкиот тим на другата страна се наоѓа личност која ви се допаѓа на прв поглед. Ви се допаѓа личност која ја имате запознаено на работа, но не покажувате премногу емоции. Со здравјето сè е во ред, но ви недостасува кондиција.

ДЕВИЦА

На работа ќе соработувате со личност од странство која не ја познавате и ќе ви се укаже можност за соработка. На љубовен план, поранешниот партнер ќе покаже желба за средба. Имате желба да го видите и ќе се согласите на состанок. Со здравјето сè е во ред, но постојно имате промена на расположението.

ВАГА

На работа ќе имате желба за нови предизвици и ќе размислувате за работа со која би сакале да започнете. Паричната добивка ќе ви го поправи расположението. На љубовен план вашите емоции се нестабилни и партнерот не е сигурен во вас. Со здравјето сè е во ред, но внимавајте на проблемите со спиењето.

ШКОРПИЈА

На работа ќе ви биде чудно што со странските соработници имате одлична соработка, додека со колегите имате проблеми. На љубовен план ве очекува ново познанство, но другата личност ќе ви делува грубо. Со здравјето сè е во ред.

СТРЕЛЕЦ

Со работата сè е во ред. Уживате во неа. Атмосферата е опуштена, но и работна. Нема никакви потешкотии и тоа што сте планирале ќе успеете да го сработите. На љубовен план, заљубени сте и имате потреба за врска. Со здравјето сè е во ред. Одлично се чувствувате.

ЈАРЕЦ

Задоволни сте од соработката со колегите. Комуникацијата ве инспирира лесно да носите заеднички планови. Полни сте со емоции и лесно се заљубувате. Внимавајте на здравјето и проблемите со хормоните.

ВОДОЛИЈА

На работа загрижени сте поради ограничената финансиска ситуација и поради тоа барате дополнителна работа. На љубовен план, чувствувате дека партнерот не е искрен со вас. Будно го следите за да видите за што се работи. Со здравјето сè е во ред.

РИБИ

На работен план покажувате дека сте вредни, амбициозни и натпреварувачки настроени. Вашите резултати се подобри од колегите и поради тоа сте горди. Ви претстои прилив на пари. На љубовен план, ќе запознате личност која ќе остави одличен впечаток. Со здравјето сè е во ред.

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX sword art online animeflix: DARLING in the FRANXX (https://animeflix.nl/m/YMqN) Episode 24

KissAnime kissanime site: Watch SK8 the Infinity (Dub) Episode 2 (https://kissanimeonline.com/m/Nyb8/ep-2)