Хороскоп за 2019 за бик: секс, страст и возбуда

Повеќето бикови во 2019 година ќе си постават приоритети и цела година ќе се обидуваат да ги реализираат. Работете напорно и обидете се дадете сè од себе, а остатокот ќе дојде природно. Ќе имате одлични, цврсти и стабилни врски со луѓето околу вас. Останете во контакт со реалноста и не им се предавајте на лажните емоции.

Работа и финансии

Ќе уживате во хармонијата на работното место. 2019 ќе биде година во која ќе имате одличен однос со колегите и надредените. Вашите напори ќе бидат препознаени. Во текот на март и април може да добиете повеќе од очекуваното. Ќе ја победите конкуренцијата со памет и креативност. Не дозволувајте  каква било негативност да ве прогонува и измачува. Искористете го она што ви е дадено и поминувајте низ сите предизвици со чисти мисли и оладена глава. Постапувајте практично. Што се однесува до финансиите, 2019 нема да биде полна со успеси и падови, туку ќе доживеете одредена финансиска стагнација. Нема да остварите голема заработка, но нема ниту да изгубите многу средства. Трошете мудро и само во ситуациите кога тоа е неопходно. Во текот на годината може да отплатите стар заем или кредит, што ќе ви помогне и ментално да се растоварите од притисокот што  го чувствувавте.

Љубов

Биковите ќе имаат страсна и возбудлива 2019 година. Некои ќе се соочат и со проблеми ако сакаат премногу само за себе. Затоа и бегајте подалеку од себичните реакции. Не бидете импулсивни. Наместо тоа, внимавајте што партнерот бара од вас. Во првата четвртина од годината ќе исчезнат многу љубовни сомнежи. Година исполнета со секс и многу возбуда. Благодарение на оптимистичкиот пристап, сè ќе биде расчистено. Не дозволувајте да ве обземе чувството на вина бидејќи така никогаш нема да го најдете правиот пат во љубовта. 2019 може да биде и година на тешки лекции во врската, но ќе бидете благодарни бидејќи тоа ќе ве подготви за иднината. Одредени професионални средби може да прераснат и во љубовни.

Здравје

Биковите ќе мора подобро да се грижат за своето здравје во 2019 година. Од март до мај е ризичен период кога може да се соочите со здравствени потешкотии.  Во случај да се посомневате во  каква било болест, задолжително посетете лекар. Првата половина од годината може да биде ризична. Вратете го душевниот мир преку јога и медитација.

Scroll to Top