Овен
Немојте да се изненадите ако до вас дојде глас дека ви претстои интересна понуда за некој проект. Освен што понудата е интересна и ги задоволува вашите критериуми, таа ќе даде и одлични финансиски резултати. Нека не ве плаши работата и тоа што ќе морате да се снајдете со поинакви методи од оние што сте ги применувале до сега.
Бик
Вие, едноставно, не можете без партнер. Вие морате да имате некого со кого ќе го делите секојдневието. Денес среќата ќе ви се насмее во ликот на една необична и многу дружељубива личност. Уживајте во друштвото, затоа што ретки се шансите како оваа. Едноставно, шармот и убавината на новата симпатија ќе ве турнат на земја.
Близнаци
Вие барате секогаш да има ред околу вас, но денес ќе посакате да бидете поинакви. Ќе размислувате да воведете некои промени на работното место. Се работи за промени кои ќе внесат нова енергија и ќе ја унапредат вашата работа. Таа идеја ќе ги изненади сите околу вас.
Рак
Ако имате сопствен бизнис, денес е вашиот среќен ден. Ве очекува ненадејна добивка. Добивката нема да биде многу голема, но, сепак е добивка. Парите, веројатно, однапред ги имате потрошено, но, секако, ќе ве израдуваат. Престанете да размислувате за однесувањето на партнерот и дајте му уште една шанса.
Лав
Многу ќе комуницирате со блиските и тие ќе ви се наоѓаат во остварувањето на вашите дневни обврски и работи или потреби. Ова особено ако сте веќе во некакви деловни или бизнис обврски со брат, сестра, а во прашање се можеби некакви нови нешта за кои треба да донесете заеднички одлуки.
Девица
Денес ќе слушнете за некои промени во врска со работата, кои пријатно ќе ве изненадат. Вестите што ќе ги добиете, ќе ви го разубават денот и ќе ве направат многу среќни. Вечерта ќе сакате да ја одведете фамилијата во некој ресторан за да и се заблагодарите за поддршката што ви ја дава.
Вага
Денес сте насочени кон себе и своите емоции. Премногу сте чувствителни и мислите дека вашето семејство не може да се снајде без вас. Она за што навистина треба да се грижите е одговорноста што ја имате преземено на работното место. Работата навистина е одговорна и ќе ви одзема многу време, но, за ваша среќа, финансиските резултати нема да изостанат.
Шкорпија
Денес партнерот пријатно ќе ве изненади. Можно е да ве одведе на некое интересно место, на кое не сте биле досега. Немојте да се изненадите ако ви се придружат пријателите и уште повеќе ви ја разубават вечерта. Не размислувајте за килограмите и за парите. Парите ќе дојдат, а килограмите ќе отидат во наредниот период.
Стрелец
Имате револуционерни идеи, но како никој да не ги разбира. Денес ќе се обидете да им објасните на колегите што планирате за да ја унапредите работата, но тие повторно нема да ве сфатат. Не грижете се, времето ќе покаже дека сте биле во право. Во моментов, единствено партнерот ве поддржува.
Јарец
Вашето семејство е многу заинтересирано за сето она што ви се случува во кариерата. Денес може да добиете интересна понуда, која за вас многу ќе значи. Таа понуда ќе предизвика стрес кај вас поради тоа што ако ја прифатите, многу работи во вашиот живот ќе се сменат.
Водолија
Веќе сте навикнати да ве следи среќа со парите, но кога се тие во прашање, никогаш не ви се доволни. Освен задоволството со финансиите, денот ќе ви помине работно. Оваа недела ќе морате да се навикнете на зголемувањето на работните обврски и да најдете начин да се справите со тоа.
Риби
Вашата желба за информации денес ќе биде особено нагласена. Имате потреба да го поминете денот во читање и во размислување. Ако студирате, денес е добар ден за учење. Она што ќе го научите денес, ќе остане запаметено.