Хороскоп за 28 мај: Вагата се сомнева во искреноста на партнерот

ОВЕН

Работните обврски ве притискаат и не ви е лесно да се изборите со потешкотиите кои се околу вас. Не сте задоволни со емотивната ситуација и сакате промена. Имате впечаток дека партнерот нема доволно разбирање. Проблеми со варењето.

БИК

Може да се опуштите денес и да уживате во убавиот ден во кој ќе имате помалку обврски и можност да се одморите. Се заљубивте во личност која покажува кон вас дека има искрени чувства. Здравјето е во ред.

БЛИЗНАЦИ

Кочниците на деловно поле нема да успеете да ги надминете сѐ додека не се потрудите малку повеќе да работите на себе и на својот пристап кон обврските. Не сте задоволни од осаменоста и имате потреба од нова врска. Внимавајте на бешиката.

РАК

Може да очекувате дека ќе имате можност за напредок на деловно поле и да донесете некои важни одлуки. Во комуникацијата со саканата личност отворено покажувате дека не сте среќни покрај неа. Внимавајте на синусите.

ЛАВ

Стабилизација на финансиско поле ве очекува во наредниот период. Ќе успеете да остварите некои од своите основни цели. Покрај саканата личност имате сѐ што ви е потребно и среќни сте. Поволен период за почеток на диета.

ДЕВИЦА

Ова не е лесен ден за вас на деловно поле, може да очекувате некои препреки. Дојдовте до својата граница на издржливост и не ви е лесно да си го признаете тоа себеси, но не можете да продолжите понатаму. Проблеми со видот.

ВАГА

Она што го планиравте на деловно поле нема да биде едноставно да го остварите. Ве очекува сплет на околности полн со компликации. Се сомневате во искреноста на партнерот и не ви е лесно да донесете одлука за вашата врска. Проблеми со депресија.

СКОРПИЈА

Се обидувате да помогнете некому кој е во неволја иако не забележувате дека всушност на тој начин си наштетувате себеси. Не сте расположени за нова врска и сѐ уште патите по личноста која многу ја сакавте во минатото. Проблеми со зглобовите.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е ден во кој ќе морате сериозно да се посветите на работните обврски за да ги остварите своите цели. Имате впечаток дека не можете да најдете заеднички јазик со саканата личност. Можни се проблеми со главата.

ЈАРЕЦ

Ве очекува опуштен ден каде што нема да имате многу обврски, време е малку да се посветите на некои други нешта. Подготвени сте да и се посветите на една личност која ве интересира. Нема проблеми на полето на здравје.

ВОДОЛИЈА

Во потрага сте по работа која би можела да им одговара на вашите критериуми и не ви е лесно да најдете идеално решение. Иако имавте лошо искуство во минатото подготвени сте да продолжите понатаму и да најдете љубов. Проблеми со вишок килограми.

РИБИ

Деловното патување испадна подобро отколку што очекувавте. Ве очекува подобрување и на финансиската состојба. Личноста со која сте во врска покажува дека има посесивни особини, а вам тоа не ви се допаѓа. Проблеми со кожата.

Scroll to Top