ОВЕН
Самоувереноста и надмениот став ја иритираат околината која веќе некое време има трпение за сите гафови кои сте ги направиле. Доколку не се соберете ќе доживеете доста непријатна ситуација од која нема лесно да се извлечете.
БИК
На повидок се љубовни проблеми. Трудот што сте го вложиле во односот со саканата личност како да не е препознат. Очекувате реакција од другата страна, но таа изостанува, ограничете го своето трпение потоа реагирајте, затоа што секое одлагање и понатаму ги комплицира односите.
БЛИЗНАЦИ
Соочени сте со дизбаланс помеѓу она што е рационално и она што интуитивно го чувствувате. Се колебате, премногу луцидно сте донеле важна одлука само на основа на чувствата без начин да го докажете тоа. Не правдајте се на никого, вашата проценка е непогрешлива.
РАК
Сонувањето кое ве обзело се проектира и на љубовен план. Спуштете се на земја, поради нагласените промени на расположението сте премногу чувствителни со што можете да ги искомплицирате односите и веќе разнишаната врска ве доведува во тешко искушение.
ЛАВ
Ве заинтересира некоја нова личност и моментално се обидувате да се сконцентрирате на тоа. Не залетувајте се во нови љубовни авантури, особено ако сè уште не сте расчистиле со некој од минатото. Спомените кои ве мачат можат да станат непремостлива пречка за нова романса.
ДЕВИЦА
Избегнувајте контакти со личности кои ве исцрпуваат. Сепак, деловноста не познава такво однесување па ќе бидете принудени да истрпите неколку состаноци на кои на крајот ќе дознаете неколку позитивни новости кои лично ве афирмираат.
ВАГА
Доколку својата нервоза и напнатост ја емитувате на партнерот, постои голема шанса кризата да ја пренесете на своето опкружување. Со помош на еден член од семејството го враќате оптимизмот иако реалната ситуација и понатаму налага големо внимание.
СКОРПИЈА
Очекувајте важна лекција со која морате да ја совладате својата страственост која е ваша главна особина и често работи против вас. Свесни сте за своите потенцијали, но исто така морате да бидете свесни дека не можете да одите со главата во ѕид.
СТРЕЛЕЦ
Полни сте со самодоверба за да остварите големи планови. Знаете дека сите успеси пристигнуваат дури тогаш кога е вистинско време за тоа. Денот донесува низа поволности, па поради тоа очекувајте ги подготвени. Ако планирате патување, размислете за можноста за одложување.
ЈАРЕЦ
Безизлезната ситуација со партнерот се заканува да се претвори во сериозен конфликт. Вашите очекувања и она што го добивате не се во склад. Пред да ги закомплицирате односите, размислете уште еднаш дали проблемот е доволно голем за да од него да правите драма.
ВОДОЛИЈА
Имате многу планови и очекувајте набрзо да започнете некој од нив. За жал, денешните случувања нема да ви донесат голем напредок освен што околината ќе ве наведе да размислите дали патот што сте го смислиле е најповолен за некој како што сте вие.
РИБИ
Се вртите во круг затоа што не прифаќате мали порази. Во прашање се крајно безначајни нешта, а вие од тоа правите драма во повеќе чинови. Можеби е време да ги анализирате своите внатрешни мотиви, поради што вашето его не прифаќа отстапувања па макар и симболични.