Хороскоп за 6 април: Девицата е преокупирана со работа, на јарецот му треба рекреација

Овен
Сè се случува ненадејно, непланирано. Познанствата, сојузите, размените на искуствата. Уште кога би можеле да не се нервирате. Тензијата станува составен дел од комуникацијата со околината. Затоа се можни пречки придружени со насилство. Пожелно е да се контролирате.

Бик
Свртете се кон задоволствата. Бидејќи од партнерот имате материјална корист, се обидувате да добиете повеќе од тоа. Тој нема да може да им одолее на вашиот шарм, па надевајте се на блиска средба. Избегнувајте претерани емотивни реакции.

Близнаци
Никако да мрднете од место. Застанувањата почнаа да ви одат на нерви. Не дозволувајте да се нервирате, бидејќи нервозата влијае на убавината и на здравјето. Бидејќи и еден колега ве побудалува, дополнително морате да се стрпите.

Рак
На проблемите им приоѓате од дистанца. Не сакате во нив да се внесувате претерано, бидејќи не наидувате на интерес за такво нешто. Бидејќи имате деловен успех, добро се чувствувате и сакате да уживате на себе својствен начин. Кога сте во криза, никому не му досадувате.

Лав
Можна е парализа на нервниот систем која влијае на нереално размислување. Од околината очекувате премногу, а не сте свесни за лагата со која сте опкружени. Можеби тоа е подобро, бидејќи не се оптоварувате со трачеви, имајте на ум дека во комуникацијата треба да вклучите внимателност.

Девица
Постојано само проблеми, ама вие сте толку окупирани со работа, што немате време да мислите на проблемите. Тоа е најдобра варијанта, бидејќи наскоро резултатите ќе бидат видливи.

Вага
Комуникативни сте, ама не сте задоволни. Сè ви пречи, ситничарите. Иако имате поддршка на пријателите, им наоѓате мани. Бидејќи станува збор за субјективни тешкотии, пожелно е да се свртите кон попаметни и покорисни работи – учење и стручно усовршување.

Скорпија
Кој за што, вие за пари. Ве очекуваат многу изненадувања на материјален план. За некои скорпии изненадувањата се пријатни, а за некои не се баш добри. Сè зависи од тоа колку јасно постапувавте на работа. Овие припадници на знакот лесно може да паднат во непријатност.

Стрелец
Бидејќи постои опасност од повреди и операции, свесно внимавајте. Некои припадници на знакот планираат патување, но доколку не можат да го одложат, пожелно е да си ги чуваат куферите, документите и другите предмети за да станат жртви на измама.

Јарец
Се обидувате да се дистанцирате од сè што ве оптоварува, а го работите она што ви причинува задоволство. Бидејќи вие многу ретко се занимавате со спорт, треба да си дозволите прошетки на чист воздух, можеби планинарење. Рекреација би ви годела, па размислете.

Водолија
Чувствителни сте на план на пријателство и љубов. Бидејќи овие сегменти моментално најмногу очекувате, анализирајте ја ситуацијата. Пожелно е прво сами да си го исчистите дворот. Морате да сфатите дека не сте идеални, па не  очекувајте го тоа од другите.

Риби
Доколку сте активни и се вклучувате во разни животни токови, шансите да успеете се големи. Времето брзо поминува, па наскоро доаѓаат рестрикции. Затоа, искористете поволен момент за подобрување на материјалната ситуација.

Scroll to Top