Хороскоп за 7 април: Лавот е нерасположен, вагата има здравствени проблеми

Овен
И понатаму сте под силно влијание на импулсите на страста. Љубов, уживање во уметноста и други убави нешта, сето тоа слободните моменти ќе ви ги направи возбудливи. Со вага планирате нешто спектакуларно. Водете сметка за јадењето и пиењето, не претерувајте.

Бик
Бидејќи субјективно гледате на нештата, можни се киксови. Тие се однесуваат на сè за што се грижите-на партнерот, работата, парите. Можеби ќе се почувствувате злоупотребени. Ниту здравствената ситуација не е одлична. Во прашање се жлездите и хормоните.

Близнаци
За нешто донесувате сопствен заклучок. Се обидувате да функционирате, но тешко ви оди бидејќи наидувате на ограничувања во контактите со околината. Никако околината да ја сфати вашата желба и да ви излезе во пресрет.

Рак
Брачните мирења и конфликти во јавниот живот само се последица на пречувствителноста и перфекционизмот. Кога тие две особини ќе се здружат, се добива нешто што може да ве уназади. Морате да учите да ги коригирате, бидејќи никој не е совршен.

Лав
Одеднаш сè изгледа потешко отколку што можевте да претпоставите. Опкружени сте со личности кои се различни од вас и кои го нагласуваат вашето нерасположение. Загрижени сте за здравјето на некој од блиската околина, но и за сопственото.

Девица
Доколку имате проблеми со авторитетите, тоа е од минлив карактер. Не  нервирајте се. Конфликтите се чисто рутинска работа. Здравствените проблеми може да бидат од посериозна природа, посебно кај постарите припадници на знакот. Наскоро ќе ги решите.

Вага
Бидејќи постои опасност од инфекции кои може да влијаат на заболување на бубрезите, преземете превентивни мерки. Ви се чини дека на сите страни има само проблеми. Не сте ни свесни колку нереални барања имате, и во однос на себе и во однос на другите.

Скорпија
Напредувате во она за што се заложувате, но кога подобро ќе размислите, се прашувате дали тоа е вредно да се трудите. Многу сила и нервоза, а малку корист. Опкружени сте со неморални постапки, дали со свои или нечии други. Внимавајте.

Стрелец
Се сведувате на систем на вредности, па сериозно ги анализирате случувањата во врска со тоа. Посебно држите до квалитет на личностите кои упорно ви се наметнуваат и се обидуваат да го загрозат вашиот деловен напредок.

Јарец
Потребата за самотија е последица на депресивниот став. Никако не излегувате од проблемите. Не знаете да им се спротивставите на негативните чувства. Бидејќи не сте во состојба да ја послушате околината имате две варијанти: да бидете отворени или да ги избегнувате.

Водолија
Бидејќи сте неуморни на сите полиња, морате малку да земете воздух. Сакале или не организмот ве предупредува на тоа дека сте прекршиле некои правила и дека треба повеќе внимание да посветите на здравјето. Со лавот и јарецот може да имате неволји.

Риби
Успешен ден, под услов нешто да не згрешите. Бидејќи сте чувствителни на туѓите зборови, лесно можете да почувствувате потреба да се расправате, што нема да ви го поправи расположението, туку напротив уште повеќе ќе ве фрли во депресија.

Scroll to Top