Хороскоп за 9 февруари: Раковите ги очекува интересна средба, на Водолијата ѝ треба одмор

ОВЕН

Може да очекувате дека ќе најдете решение за деловните проблеми што ве следат. Можеби саканата личност на некој начин сака да воведе промени во вашиот однос и ќе покаже иницијатива кон тоа. Склони сте кон инфекции.

БИК

Можни се помали компликации во комуникацијата со соработниците. Избегнувајте реагирање во афект. Покажете ѝ ги на саканата личност искрените емоции. Важно е да зборувате за сѐ ако сакате вашата врска да опстане. Чувствителен урогенитален тракт.

БЛИЗНАЦИ

Можни се некои ненадејни пресврти на деловно поле. Моментно промените што следуваат не зависат од вас. Со саканата личност имате проблеми, кавги и несогласувања, па не ви е лесно да најдете емотивен мир. Под стрес сте.

РАК

Важно е да ја покажете својата подготвеност да се приспособите на туѓите правила. Доколку сте слободни, набргу ќе ви се појави едно ново интересно познанство. Водете сметка за забите.

ЛАВ

Финансиски успеавте да напредувате, па сега сте подготвени и малку да одморите од работа. Ви се допаѓа личност која на некој начин е моментно оддалечена од вас и не покажува иницијатива. Здравјето е во ред.

ДЕВИЦА

Околностите на деловно поле моментно не се на ваша страна, што секако може да претставува голема сопирачка. Саканата личност ви покажува колку ѝ значите. Подготвени сте да ѝ се посветите. Иритација на кожата.

ВАГА

Преоптоварени сте со обврските што само се насобираат. Време е да научите да препознаете кога ви е потребна помош. Во односите помеѓу вас и саканата личност многу лесно може да дојде до дистанца. Зголемете го внесувањето калциум.

СКОРПИЈА

Ве радува подобрувањето на околностите на работното место, а набргу ви следи и прилив на пари што ќе ви бидат од големо значење. Важно е да се потрудите за подобрата комуникација со личноста што ви се допаѓа. Расположението ви е променливо.

СТРЕЛЕЦ

Ќе оставите добар впечаток на работното опкружување и уште еднаш ќе ги докажете своите способности. Ви се отвора можност да освоите личност со која можете да бидете во долга врска во иднина. Посетете доктор.

ЈАРЕЦ

Ве очекуваат позитивни вести на кои не се надевавте. Може да очекувате многу позитивни промени на работно поле. Пред вас е романтичен ден. Ако имате партнер, ќе уживате со него. Менувајте ги лошите навики.

ВОДОЛИЈА

Денес ќе имате потреба да се ангажирате помалку во работата бидејќи ви е потребен одмор. Посакувате нови познанства, подготвени сте да бидете поотворени во комуникацијата. Можен е помал пад на енергијата.

РИБИ

Не сакате повеќе да ја работите работата што ви носи нервоза и негативни чувства. Пред вас е промена на работното место. Може да се надевате на убав ден и нежни моменти, кои ќе ги поминете со партнерот. Добро ќе ви дојде физичка активност.

Scroll to Top