Хороскоп за март 2018 година

Овен

Месецот ќе ви донесе убава енергија која ќе кулминира со рамноденицата, вашиот „празник“, кога ќе бидете со полно срце и задоволни од љубовта. Прекрасен момент ве чека на 6 март. Марс во јарец нема да ја наруши хармонијата во љубовта, туку ќе ја поттикне страста па љубовта уште повеќе да се разгори. Обрнете внимание на исхраната, бидејќи еден ваков толку авантуристички месец може да предизвика нарушувања кои ќе ги почувствувате на „стомакот“.

Бик

Првите денови од март се многу убави: односите во љубовта се едноставни, хармонијата на бракот е обновена, нови многу интересни средби најверојатно ве очекуваат доколку патувате во странство. Имате толку многу прашања за кои ќе размислувате и идеи кои треба да ги реазлизирате, но споредбата со другите е од витално значење за вас во оваа 2018 година, па надминете ја мрзеливоста и недовербата. Извлечете максимум од работата без претерување, а планирајте најмалку еден викенд да го поминете надвор од градот, во природа. 24 март ќе биде клучен ден за љубовта.

Близнаци

Вие веќе го чувствувате мирисот на пролетта. Со првите потопли денови во март, голема љубов ќе почне да расцветува, можеби различна од она што го очекувавте. Чувството што ќе го чувствувате нема да биде површно, туку длабоко, па дури иако емоцијата што доаѓа е млада,  односот веднаш ќе започне на сериозен начин. Сите врски кои ќе се родат и во наредните месеци се заштитени од ѕвездите и се предодредени да траат, ако вие тоа го сакате. На 22 март ќе имате добра доза на среќа: не е прашање на чиста среќа или лотарија, туку на тоа што сè се раѓа и се развива благодарение на вашата интелигенција и вештина.

Рак

Оваа година би било добро да ја започнете новата сезона со помалку побарувања. Мора да ја ограничите и потрошувачката, да ја регулирате исхраната, но исто така и да скратите на алкохол, пушење, па дури и на сексуални претерувања. Едноставно, мора да ви е јасно дека не може да се „лови“ во комплицирани ситуации. Послушајте ги советите на луѓето кои ве сакаат и ве ценат. Не впуштајте се во ситуации за кои знаете дека се опасни, особено од 24 до 31 март.

Лав

По прилично тешкиот почеток на годината, март за вас е добар месец, кој конечно ќе ви донесе добра доза на страст. Имајте доверба во себе, и ќе ви се врати целото добро расположение кое малку го пропуштивте. Од 7 март се враќаат убавите моменти на сентиментален план. Од тој период, исто така, ќе ви се врати и вашата одлична физичката форма. Ако до сега тоа не го правите, почнете да се занимавате со спорт, и тоа одберете некоја повозбудлива активност.

Девица

Почетокот на месецот со полна Месечина ќе донесе вознемирување. Стресот ќе се должи на промена на некоја вообичаена активност или поради некој погрешен потег, или пак, поради заминување на член од семејството со што можат да се променат вашите сакани навики. Ненадејните „магии“ пристигнуваат на 6 март, под влијание на многу добрата Месечина, а Меркур и Венера стануваат позитивни. На 21 март Месечината е многу поволна за инвестиции и добивки. Месецот ќе заврши во знакот на задоволството.

Вага

Како и секоја година за вас пролетната рамноденица означува момент на криза, која во 2018 година се најавува веднаш по првиот викенд во март. Во овој поглед, може да се појават промени на притисокот поради промената на климата или мали заболувања кои можат да предизвикаат мигрена. Вториот дел од март не е во знакот на материјалните добивки. Морате да најдете вентил за да ја намалувате секојдневно напнатоста, а 31 март однапред резрвирајте го за некаква поголема спорстка активност, инаку ризикувате да пукнете од нервоза.

Шкорпија

Месецот ќе почне со солидна заштита од планетите. Од 17 март, со поддршка на Марс, ќе добиете неверојатна истрајност и упорност во нешто што веќе го правите. Љубовта ќе биде брза, во сексусалните врски ќе ве направи алчни, а новите врски ќе бидат премногу избрзани. Доколку сте во стабилна врска внимавајте да ѝ дадете на саканата личност многу повеќе внимание. Многумина искрено ќе се вљубат. За нив особено погодни денови се 5 и 6 март.

Стрелец

Март не ви носи некои големи проблеми. За вас, в петок на 9 март, зимската сезона завршува порано и во тој момент вашата пролет веќе започнува. Месечината може да биде комплицирана за односите со семејството, но сепак на емотивен план ќе ви донесе нов воздух. Подгответе се за нова голема страсна врска. Сепак, сите овие планети, иако делуваат „нагло“ и со оган, не го нарушуваат здравјето, така што ќе бидете во одлична форма.

Јарец

Марс кој ќе пристигне во вашиот знак на 17 март ја карактеризира целата ваша 2018 година. Кога Марс пристигнува на небото, тензијата се зголемува, но овојпат тој ќе и се противи и на Венера, планетата на љубовта, па лудости на љубовно поле не се исклучени. Бидете претпазливи овој месец дури и на работното место, во воздухот има премногу електрична енергија: нема потреба да ги блокирате деловните иницијативи, туку само да се биде попретпазливи.

Водолија

Извонредната поставеност на планетите ќе ја почувствувате на 6 март. Месецов ќе биде карактеристичен по големата агилност на мислата, која ќе ви овозможи да завршите некои поголеми проекти или да заклучите важни договори. Меркур станува сериозен во сугерирањето на вистинско решение за борба против нападите кои ви доаѓаат од блиски луѓе. Март е идеален месец за да  се соочите со тешкотиите и недоразбирањата кои ви ги предизвикуваат некои од колегите, но и со недоразбирањата во семејството и со некои пријатели. И важно ќе биде да го направите тоа соочување.

Риби

Март за вас започнува со нервозна Месечина, деликатна за вашето здравје. На овие две работи треба повеќе да внимавате на 2 и 9 март. Месецот ќе биде полн со интересни и позитивни идеи и предлози. Оставете овој стресен прв дел од месецот да помине. По него следува многу силна поддршка која ќе ја почувствувате кон средината на март. Рибите кои имаат добар проект може да го остварат овој месец. На полето на пријателствата ќе уживате одлична заштита, а емотивните врски кои евентуално би ги оствариле ќе бидат во знакот на многу цврсти темели. На 31 март очекувајте материјална добивка.

Scroll to Top