Не постои ништо полошо од фактот дека сте се заљубиле во личност која вашиот однос одбива да го означи и со тоа да го подигне на повисоко ниво.
Независно од тоа дали сте пар неколку месеци или вашата врска се приближува кон првата годишнина, вашите обиди да го етикетирате односот со овие три знаци во хороскопот, можат да бидат навистина тешки, па дури честопати и невозможни. Во прашање се Близнаците, Вагите и Водолиите.
Овие знаци се познати по тоа што тешко се одлучуваат за официјализирање на врската, но не треба да губите надеж. Добра вест за сите оние кои се заљубени во Близнакот, Вагата или Водолијата е тоа што трпението во овој случај носи победа. Иако на овие знаци им треба некое време да ги освежат своите чувства, кога еднаш ќе се случи тоа, многумина сакаат до крајот на животот, безгранично.
Близнаци
Близнаците се познати по својата парадоксална природа. Имајќи предвид дека честопати во нив самите доаѓа до внатрешен конфликт, нив им е многу тешко да донесат конечен суд и одлука. Не е невообичаено Близнаците истовремено да копнеат по апсолутна слобода од една страна, додека од друга да тежнеат кон тоа да бидат во стабилна врска потполно предадени на партнерот. Откако Близнакот доволно ќе ја запознае својата сакана личност, нејзиното семејство и пријателите, ќе ја запознае со кругот на своите најблиски, со што потполно ќе ѝ се предаде.
Вага
По природа Вагите се личности кои не сакаат конфликти и ќе направат сè што можат за да ги избегнат. Од таа причина, Вагите не се баш отворени кога нивните чувства се во прашање. Но кога искрено ќе се заљубат, се заљубуваат најдлабоко што можат. Затоа ако од Вагата барате да ја официјализирате врската, а не е во потполност заљубена, тогаш тоа е невозможен потег. Вагите често со себе носат искуства од претходните врски кога прерано се отворале спрема партнерите и биле повредени, што е уште една од причините зошто во подоцнежната доба им е проблематично. Поискусните Ваги секогаш ќе држат дистанца додека не се уверат дека сте вредни за нивните чувства.
Водолија
Овој знак има многу квалитети, но отвореното искажување на чувствата и официјализирањето врски им е несвојствено. Ранливоста е особина која многу Водолии вешто ја избегнуваат. Не е реткост Водолијата да има високи стандарди кога е во прашање изборот на партнер, па им е проблем кога се обидуваат идеализираната и реалната слика во едно. Најдобар начин да ја придобиете Водолијата е отворено да ѝ кажете што чувствувате за неа.