За некои знаци во хороскопот, астролозите тврдат дека повеќе сакаат да се сингл, отколку во љубовна врска. Тоа, велат тие, се луѓето родени во знакот на овен, бик и лав.
Овен
За овните успехот значи сè! затоа, повеќето овни ќе решат да градат кариера, наместо да уживаат во љубовта. Тие се повремено темпераментни, дури и агресивни, па сметаат дека им е подобро да се сами. Но, штом вистински се заљубат, нема враќање назад.
Бик
Биковите се самоуверени. Тие скоро секогаш се ставаат себеси на прво место. Ја сакаат слободата, удобноста во која живеат и покрај тоа што уживаат во врските и во љубовта. Сепак, љубовта никогаш не им е на прво место, па дури и кога се во врска може да заборават дека имаат некој покрај себе.
Лав
Иако се доминантни во се, луѓето родени во знакот на лав не сакаат да се впуштаат во врска ако не мораат. Поубаво им е да се сами, да гледаат серија, читаат книга или да уживаат со миленичето, отколку да пробаат да изградат цврста врска. Поради занесеноста со себе, често може да не ја видат ни личноста што е пред нив и со која може да изградат цврста врска.