Дали имате пријател кој постојано се обидува да ве запознае со некој што како да е „створен за вас“?
Џабе веројатно се обидувате да му објаснувате дека тоа не ве интересира, и дека самите можете да го организирате својот состанок. Можеби би требало да ја разгледате можноста, дека вашиот пријател, всушност, припаѓа на еден од трите знаци кои секогаш се спремни за спојување на парови.
Тоа не е нешто кое тие свесно го прават, туку инстинктот им зборува дека две личности можат да бидат пар, и тие како да не можат да одолеат на тоа. За тоа би можеле да застанете и да се запрашате дали „има во сето тоа шанса за вистинска љубов?“. Можеби вашиот пријател е навистина талентиран кога стројништвото е во прашање. Од астролошки аспект, трите хороскопски знаци – Близнаци, Девица и Вага се во добри односи со Купидон, и тоа не би требало да го пропуштите.
Близнаците по природа се љубопитни и нивниот интелект им овозможува да ги спознаат желбите на луѓето во својата близина. Како резултат на тоа, кога ќе помислат дека две личности би можеле да бидат компатибилни, тие не можат да одолеат, а да не ги истуркаат во вистинската насока. Знаејќи ги своите пријатели „во душа“. Близнаците даваат сè од себе да им го најдат соодветниот партнер. Нивниот совет е дефинитивно вреден за слушање.
Девицата е роден стројник. Инстинктот им налага будно да ги набљудуваат луѓето околу себе и да бидат многу критични. Тие гледаат во своите пријатели еднакво добри и лоши личности и затоа можат да оценат кои би им одговарал на љубовен план. Решавањето на туѓите проблеми лесно им оди од рака, па спојувањето на две личности за нив е детска игра. Нивниот мозок на таквата задача како да работи на автопилот. Нивната цел е своите пријатели да ги видат среќни. Девиците сакаат да водат сметка за луѓето кои им значат, а пронаоѓањето на животниот партнер е секако една од поважните работи.
Вагата е господар на планетата Венера. Имајќи предвид дека оваа планета е поврзана со љубовта и убавината, има смисла што токму Вагата е одличен стројник. Вагите во голема мера држат до биланс и хармонија во својот живот, што значи дека големо внимание посветуваат при пронаоѓањето на својот партнер, но и компатибилни личности за своите пријатели. Обично имаат широк круг на пријатели, што им овозможува со леснотија да најдат две личности кои би можеле да си одговараат една на друга. Доколку Вагата ви каже дека некој е створен за вас, не пропуштајте ја приликата таа личност да ја запознаете.
Овие знаци навистина се грижат за луѓето кои им значат. Имаат тенденција да ги разберат потребите на своите пријатели, како и да сфатат што им недостига во животот. Љубовта е секако една од тие работи. Особено со добри намери се мешаат во животот на своите пријатели, настојувајќи да им помогнат да ја најдат својата сродна душа. Значи, дури и ако состанокот на слепо не е нешто во кое уживате, доколку ви го препорачува некој од овие три знаци, не се двоумете.