Хрватска компанија за преработка на месо продала повеќе од два милиона колбаси за време на Светското првенство во фудбал, објавија хрватските медиуми. Ова е повеќе отколку што се продава за Божик, за време на фестивалот „Адвент“, кој трае од крајот на ноември до крајот на декември, кога колбасите се најпопуларни, пишува „Јутарњи лист“.
Според податоците што ги дал производителот на месни производи, за време на ланскиот фестивал продадени се 700.000 колбаси, а за еден месец за време на Светското фудбалско првенство Хрватите изеле речиси трипати повеќе.
Освен тоа, за време на мундијалот продадени се повеќе од 10 милиони ќебапи.