Хрватски матуранти како Титови пионери, заминуваат за Ирска

Матурантите од хрватскиот град Вараждин, облечени во пионерска униформи, со капи на главите и црвени марами околу вратот, држат знаме на кое пишува „ Чесен пионерски збор, планот Б е Ирска“. Оваа фотографија ја објави хрватскиот бизнисмен, Роберт Славечки. По објавената слика, стигаа и еден куп реакции. Покрај поздравот дека ова е одлична илустрација , особено што младите се облечени во униформата на поранешна Југолсавија, негодувањата дојдоа заради транспарентот  „Планот Б е Ирска“-односно малдите најавуваат дека си заминуваат од Хрватска.

На ова реагирал Славечки, член на бизнис мрежите во Хрватска, кој дал објаснување за сликата , па рекол “ Денес полесно можеш  да се отселиш од Хрватска, било каде во змејите во Европа и да се снајдеш. Порано не беше така, никој не си одеше никаде. Денес си одиш од Хрватска како слободна птица, за разлика од некогаш. Патувањата се поедноставни, информациите секаде се достапни. Денес младите не се спремни за револуција. Ако не им се допаѓа тука, си одат “, објаснил Славечки.

Scroll to Top