Македонските музичари „2 Бона“ и Мили на 12 декември ќе одржат хуманитарен концерт во „А1 арената“ во Скопје. Тие открија дека десет отсто од средствата заработени од продажбата на билети ќе бидат донирани за лекување на Јана Арсовска. Милениците на тинејџерската публика на концертот ќе ги испеат сите свои досегашни хитови.
Организатор на концертот на „2 Бона“ и Мили е К1 продукција.