Преку 600.000 читатели на магазинот Condé Nast Traveller го избраа хрватскиот остров Хвар за најубав остров во Европа. Првиот избор за најубави дестинации Condé Nast Traveller го започна пред 21 година, а оваа година се бираа и локации од САД. На листата најубави острови се најдоа и Хилтон Хед во САД, Порторико, филипинскиот Боракај, австралискиот Витсандеј, Малдиви и канадскиот Кејп Бретон.
Најубав град на светот е Чарлстон во Јужна Каролина во САД, а за најубава земја е избрана Индонезија.
Најдобра бања на светот е Ананда во Индија, а најубавото возење со воз во светот ќе го почувствувате со „Белмонд експлорер“ на Андите во Јужна Америка.
Најпосакуван скијачки центар е Гeштад во Швајцарија, а најубавиот аеродром се наоѓа во Сингапур.