И Евросонг може да биде откажан поради коронавирусот

Овогодишната Евровизија треба да се одржи од 12 до 16 мај во Ротердам, откако лани претставникот на Холандија победи. Сепак, почнаа муабетите дека може да не се одржи поради алармантната ситуација со коронавирусот.

Холандските медиуми пишуваат дека одржувањето на манифестацијата е неизвесно, а ова би било петти пат да се одржи Евровизија во Холандија, а победата во 2019 година ја доби Данкан Лоренс со песната „Аrcade“.

„Доколку ширењето на коронавирус не биде контролирано, би било залудно да се соберат толку луѓе на едно место. Мораме да мислиме однапред и да го ставиме здравјето на прво место, а за тоа се свесни и организаторите. Можно е вирусот зимава да се шири побрзо и поефикасно поради природата на заразата и дека во мај веќе ќе биде подобра ситуацијата, но моментално ситуацијата е многу сериозна и многу манифестации ќе бидат откажани“, изјави холандскиот виролог Аба Остерхаус за медиумите.

Scroll to Top