„Парфемот треба да се нанесе на местото каде што сакате да бидете бакнати“, рекла Коко Шанел.
Сигурно сте забележале дека кога ќе го нанесете својот омилен парфем, се чувствувате поубаво и позадоволно. Проверете ги овие неколку жешки точки од каде што парфемот се чувствува најдобро, а притоа да не треба да претерувате со количината.
Зад ушите
Овој дел на телото е покриен, па затоа го зголемува делувањето и траењето на парфемот.
Врат
Ова е место со силно пулсирање, па само неколку капки парфем се доволни. Само пробајте да не го залиете полето околу штитните жлезди.
Коса
Само две-три капки нанесени на коренот од косата се доволни за супер ефект. Секој пат кога ќе замавнете со косата, мирисот ќе биде почувствуван.
Деколте
Деколтето е еден од најтоплите делови на телото, па со самата своја топлина ќе го засили мирисот.
Зглобот на раката
Топлината на рацете испушта мирисни ноти и го забрзува делувањето на мирисот.
Зад колената
Со секој ваш чекор, ќе оставате миризлива трага зад вас.