За да се почувствува празничната атмосфера во новогодишната ноќ, иако годинава ќе славиме поинаку заради короната, еве некои интересни идеи како да ја поставите новогодишната трпеза. Новогодишниот амбиент дополнете го со украси, чинии, салфети со новогодишни мотиви.
Ако сте повешти, можете малку повеќе да експериментирате со храната и да направите новогодишно венче од зеленчуци или посни крем салати, ролати во новогодишни бои, како и погачи и десерти во форма на елка.