Полиција распиша потерница и доделува награда за оној што ќе го пријави лицето кое ставало игли во јагоди што се продаваат во супермаркетите во Австралија.
„Некој се обидува да ги саботира производителите , но уште пострашно е што ги става под ризик животите на децата и бебињата“, соопши полицијата од Квинсленд.
Полицијата ги предупредува луѓето да ги исецкаат јагодите , затоа што во нив има игли и шајки. Дел од производителите на јагоди веќе ги повлекоа пакувањата од супермаркетите во страв дека може да предизвикаат фатални последици .