„Игра на тронови“ победи на доделувањето на наградите „Еми“

Хит серијата „Игра на тронови“ ја освои главната награда на 71. доделување на наградите „Еми“, што се одржа вчеравечер во Лос Анџелес. Овие награди се сметаат за телевизиски еквивалент на Оскарите. Осмата, последна сезона на популарна серија имаше вкупно 32 номинации. Освен наградата за најдобра телевизиска драма, Питер Динклиџ, кој го глумеше Тирион Ланистер во серијата, ја освои наградата за најдобра споредна машка улога. Ова е негова четврта „Еми“ награда во истата категорија.

Серијата „Флибег“ со Фиби Волер Бриџ, ги доби повеќето награди во делот за комични серии. Најдобар актер во комедија е Бил Хедер („Бери“), а најдобар актер во жанрот драма е Били Портер („Поус“), додека најдобра актерка е Џоди Комер („Килинг Ив“). Најдобра мини-серија е „Чернобил“.

Целосната листа на победници може да ја погледнете  тука.

Scroll to Top