Експертите препорачуваат дека со играта со децата, или заедничкото спортување, ќе направите вашите деца да бидат помирни, а секако и самите вие ќе почуствувате помала напнатост.
Во овие немирни времиња, стресот за семејството е голем и родителите и децата чувствуваат загриженост поради својата иднина.
Долготрајната изложеност на стресни настани, допринесува ризик за развој на анксиозно пореметување, па многу е важно да се избегне развојот на анксизоност, посебно кај децата, велат експертите.
Семејствата затоа можат проактивно на детето на разни начини да му го олеснат тоа непријатно чувство и да го врати чувството на поврзаност и радост. Заедничкото време поминато заедно и заедничките активности, создаваат можност за отворен разговор.
Се засилува чувството на веселба и создава чувство на доследност и сето тоа преку потребните вештини кои десен или утре помагаат за да го смирите стресот и неизвесноста.
Ова се четирите начини кои предлагаат експертите, како низ семејна дружба и рутина можете да го спречите стравот.
1. Започнете со секојдневна пракса на благодарност
Истражувањето покажува дека луѓето кои учествуваат во активностите кои го потикнуваат чувството на благодарност, имаат пораст на чувство на среќа и ги намалуваат негативните емоции. Но, без доследност, позитивните ефекти со време се губат.
Семејствата затоа можат да создадат пракса на изразување благодарност за време на семејните ручеци или употреба на некаков облик на благодарност како што е табла или тетратла. Пред спиење можете да запишете за тоа што сте благодарни за тој ден.
2. Доза на уметност
Постои причина зошто детските психолози ги поттикнуваат децата да ги изразат своите чувства преку цртежи, а некои стоматолози, ги поттикнуваат со боење пред тремините, за да им го олеснат чувството или спречат стравот. Веројатно и самите сте сведоци на детската концентрација, додека тие бојат и цртаат. Подоцна со гордост го покажуваат своето дело.
Иако повеќето од најновите истражувања се фокусираат на боењето, терапевските предности се покажуваат низ голем број уметнички дела. Затоа, без разлика дали имате вештини како на сликар или едвај цртате некаков лик, соберете боички и фломастери и почнете да цртате заедно со вашето дете.
3. Поттикнете го преку домашните игри
Игрите им помагаат на децата да се одморат и да се ослободат од стресот. Затоа е важно да се создаде домашно опкружување кое ги поттикнува и ги поддржува преку игри.
Иако помладите деца се чувствуваат заштитени од изразито влијание од моментални настани, сеуште тие се соочуваат со анксиозност која можат да им ја пренесат родителите. Оставете ги да си играат, а во играта понекогаш можете да се вклучите и вие. Иако е симболична, играта и преку обично глумење и преправање, им помага на децата да ги разберат случувањата во светот и околу нив. Вклучете ги и тинејџерите во играта. На тој начин ја развиваат фантазијата.
4. Семејната кондиција е приоритет
Одредувањето на време за семејни рекреации е ефикасен начин на зацврстување на семејните врски и истовремено ослободување од стресот и анксиозноста. Само од 15 до 30 минути лесни до умерени активности, можат да ги опуштат мускулите и да го поттикнат лечењето на серотонин.
Семејниот фитнес не мора да биде комплициран, но мора да биде доследен. Било да се работи за јога, прошетка или вежбање, држете ги сите членови на семејството заедно да бидат одговорни за учеството во вежбите, неколку пати неделно.
.