Од компанијата на Илон Маск, „Спејс-Екс“, велат дека поради проблемите кои ги имаат со тоалетите во вселенските капсули, тие повеќе нема да испраќаат луѓе во вселената.
Овој проблем велат мора да се реши пред да испратат уште четворица астронаути. Од компанијата на Маск и од НАСА велат дека сакаат прво да се осигураат дека нема испуштање на кислород од тоалетите и дека не е загрозена капсулата.
Следната капсула имаат во план да ја лансираат во недела од вселенскиот центар Кенеди
„Проблемите настанаа за време на првиот приватен лет минатиот месец, кога една од цевките се одлепила и почнало да се шири урина по вентилаторите и на подот“, рече Вилијам Герстенмајер, потпретседателот на „Спејс-Екс“, човек кој порано работел и за НАСА.
„Што се однесува до земјените капсули во орбитата, под подните плочки се насобрале мали количини на урина додека патуваше Маск со уште три други лица“, рече Герстенмајер.
Тоа е затоа што екипажот поминал само еден ден живеејќи во неа, пред таа да стигне на вселенската станица, објаснил Герстенмајер.
Од компанијата на Маск велат дека прават тестови за да се убедат дека пропуштената течност не ја ослабела капсулата во орбитата во изминатите шест месеци. Секое структурно оштетување би можело да ги загрози астронаутите за време на нивното враќање на Земјата следниот месец.
Конечните тестови треба да бидат завршени кон крајот на оваа недела. Истиот проблем неодамна е откриен и во капсулата „Драгон“ на меѓународната вселенска станица. Како привремено решение била заварена цевка во капсулата Endurance низ која требало да минува урината. Од НАСА велат дека сè уште не завршиле со прегледот на поправките.