„Инстаграм“ повторно проработе, „Фејсбук“ сеуште со проблеми

Вчерашниот ден голем број на корисници на социјалните мрежи, не можеа да ги извршуваат своите секојдневни активности, поради падот на најголемите мрежи „Инстаграм“ и „Фејсбук“. Во текот на денешниот ден „Инстаграм“ повторно беше активиран, но за голем број корисници „Фејсбук“ и понатаму останал недостапен.

Од компаниите „Инстаграм“, „Вотсап“ и „Фејсбук“ јавиле дека од средата во попладневните часови сите се соочуваат со најголемит прекин на мрежите од нивното оформување.

Од „Фејсбук“ не објасниле за каков проблем се работи, само нагласија дека не станува збор за хакерски напад. Според „ДаунДетектор“ за мапи, корисниците на „Инстаграм“, „Вотсап“ и „Фејсбук“ во делови од САД, Јапонија и некои области на Европа, од вчера не можеле да имаат пристап на тие мрежи.

Портпаролот на „Фејсбук“ го потврдил прекинот на работа, не навлегувајќи во повеќе детали. Само изјавл дека проблемот со пристапот на сајтовите на овие социјални мрежи, траел преку 12 часа.

Од компанијата со седиште во Менло Парк, во Калифорнија, која остварува огромна количина од приходите од огласување, изјавиле за „Блумберг“ дека сеуште истражуваат до која мера вчерашниот прекин ги има погодено и ја разгледуваат можноста за да им се вратат парите.

 

 
Scroll to Top