Луѓето кои се родени во октомври се многу одговорни кога станува збор за работата, а исто така се и многу романтични во љубовта. Дознајте што ги прави поинакви од другите:
Романтични и шармантни
Родените во октомври се шармантни и романтични личности со кои владее Венера. Тие се познати и како миротворци, личности кои со својата харизма можат да бидат фини и дипломатични.
Секогаш одговорни
Родените во овој месец се карактеризираат со силна одговорност. Тие се оние кои секогаш ги исполнуваат своите ветувања и кои секогаш покажуваат најголема одговорност на работа или во друштво.
Невенот е нивното цвеќе
Невенот е билка која може да порасне до 60 сентиметри и која е ценета поради своите лековити моќи. Невенот се користи за ублажување на рани, осекотини, убоди од инсекти, но и генерално ја прави кожата поубава.
Сакаат спорт
Тие се спортски типови. Имаат силни коски и мускули и ги обожаваат спортовите. Истражувањето спроведено во 2015 година покажува дека бебињата родени во октомври покажуваат значително подобри резултати на физичките тестови, за разлика од останатите бебиња.