Сами можете да си направите средство за отстранување шминка. Сè што ви треба е бебешки шампон и маслиново масло.
Во мало чисто шишенце или во мала тегла ставете половина супена лажица бебешки шампон, 1 мала лажичка маслиново масло и додадете онолку вода колку што е потребно за да се наполни садот. Пред секоја употреба добро протресете го шишенцето за да се измешаат состојките.
Течноста ставете ја на памукче и извадете ја шминката.