Италија му заплени на рускиот милијардер Усманов Мерцедес-Мајбах ист како на Груевски

Италијанските власти му го запленија блиндираниот Мерцедес-Мајбах на рускиот милијардер Алишер Усманов како дел од санкциите на ЕУ против руските олигарси. Станува збор за „Мерцедес-Мајбах С650 гард“, кој чини 600 илјади евра и според италијанските медиуми, со него се возел и рускиот претседател Владимир Путин за време на тајните посети на Сардинија.

„Кориере дела сера“ објави дека црниот „Мерцедес-Мајбах“ бил запленет во Порто Черво, популарна дестинација за руските милијардери. Усманов е почесен жител на Порто Черво, каде што и го купи автомобилот во 2018 година.

За потсетување, исто такво возило набави МВР за потребите на поранешниот премиер Никола Груевски.
Scroll to Top